Инвестиција во иднината – Главен приоритет, Образованието!
Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Ридван Ибраими, денес оствари посебна средба со најистакнатите ученици од генерациите на три општински основни училишта: „Ѓерѓ Кастриот – Скендербег”, „Абдил Фрашери” и „Бајрам Шабани”.
По овој повод, беа доделени благодарници и симболични награди за извонредните ученици како форма на мотивација и оценување на нивниот успех.
„Образованието останува нашиот главен приоритет. Имавме бројни инвестиции во подобрување на школската инфраструктура, но и во зголемување на квалитетот на наставата и мотивацијата на учениците и наставниците,” – истакна градоначалникот Ибраими.
Овој настан е доказ за посветеноста на Општина Арачиново кон новите генерации и образованието како темел на светлата иднина на нашата земја
























