Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Даут Беќири, денеска оствари отворена и конструктивна средба со имамите, претседателите на џамиските одбори, граѓани и други претставници, на која се разговараше за прашањето на гробиштата во Арачиново – едно од најчувствителните и најзначајни прашања за локалната заедница.

Во текот на средбата, градоначалникот Беќири ја нагласи посветеноста на Општината секое прашање од јавен интерес да се третира со одговорност и транспарентност, со директно вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки. Беше истакната важноста на отворениот дијалог, меѓусебното разбирање и почитта како основа за изнаоѓање одржливи и прифатливи решенија за сите.

Граѓаните остануваат клучни партнери на Општината во процесот на одлучување, поради што Општина Арачиново ќе продолжи да биде отворена за предлози, идеи и соработка, во служба на општиот интерес.