Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, денеска учествуваше на завршната средба на проектот за имплементација на законодавството во управувањето со отпадот и проширената одговорност на производителите (EPR) финансиран од Европската Унија.

Целта на овој проект е подобрување на управувањето со отпадот и подигнување на животните стандарди со цел заштита и подобрување на животната средина. Исто така, преку овој проект се цели подобрување на законодавството во сферата на управување со отпадот од страна на производителите.

Градоначалникот Ибраими ја искористи оваа прилика за да воспостави блиски контакти со претставниците на Европската Унија за да ја зголеми и прошири соработката во областа на животната средина. Во оваа прилика, Градоначалникот Ибраими им се заблагодари на претставниците на ЕУ за поддршката на проектите во Општина Арачиново, како што е проектот за центарот за селекција на отпад што ќе започне со реализација во следните денови.

Служба за информирање – Општина Арачиново