Почитувани граѓани,
Имаме уште една добра вест за нашата општина.
Денес примивме две специјализирани возила за извршување на одредени работи, кои во иднина ќе бидат во служба на граѓаните.
Со голем успех реализиравме важен проект за унапредување на функционирањето на ЈКП „АМБИЕНТИ”, со што комуналното претпријатие се обезбеди со две нови возила, четири контејнери со капацитет од 5 м³ и дваесет контејнери од 120 литри.
Почитувани граѓани, со гордост можеме да констатираме дека успеавме да изградиме целосно опремено јавно претпријатие, со сите неопходни машини за извршување на сите услуги кон граѓаните, а истовремено да го одржуваме животната средина чиста.
Овој проект е реализиран од Општина Арачиново во соработка со Планскиот регион Скопје, за што во име на жителите на општина Арачиново изразуваме благодарност за соработката.








