Почитувани граѓани,
Се известува дека е саниран дефектот на водоводната мрежа на улица бр. 14, како и дека се исчистени неколку улици каде што поради врнежите се создаде насип од песок, кој создаваше пречки за движењето на граѓаните.
Важно е да се истакне дека работниците на Ј.К.П. „Амбиенти” биле активни и за време на празниците, каде што се појавила потреба, и биле преземени конкретни мерки. Меѓутоа, за правилното функционирање на претпријатието е од големо значење редовното плаќање на услугите од страна на граѓаните, бидејќи тоа е единствениот извор на финансирање за покривање на дефектите, горивото и платите на работниците.
Како што веќе знаете, Ј.К.П. „Амбиенти” е опремено со сите потребни средства за навремено и точно извршување на услугите, но основата на функционирањето е одговорноста и соработката на граѓаните.
Затоа, почитувани граѓани, апелираме редовно да ги плаќате месечните обврски кон Ј.К.П. „Амбиенти” за собирање и транспорт на отпадот, како и за користење на водата, за да се овозможи продолжување на квалитетното давање на услуги за сите граѓани.
Ј.К.П. „Амбиенти” – Општина Арачиново










