Денес, Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Даут Беќири, во рамки на општинскиот кабинет го именуваше проф. д-р Муарем Ајдари на функцијата Координатор за секторот образование.

Ова именување има за цел зајакнување на институционалната координација и унапредување на квалитетот на образованието во Општина Арачиново.

Проф. д-р Муарем Ајдари е делегиран од Општината за прашања поврзани со образовните институции, вклучувајќи ги основните училишта и детската градинка, како и за зајакнување на соработката меѓу Општината и овие институции. Тој е универзитетски професор на Универзитетот во Тетово и е препознатлив како кадар со висока стручна и професионална подготвеност.

Овој ангажман е во функција на подобрување на образовното менаџирање и одржливиот развој на образованието во Општина Арачиново.