Градоначалникот на Општина Aрачиново, г. Даут Беќири, денес оствари средба со муфтијата на Скопје, Кенан Исмаили, заедно со претставници од Скопската муфтија.


За време на средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Општина Aрачиново и Муфтинијата, со посебен фокус на услугите за верниците и жителите на општината.

Гостите упатија честитки по повод преземањето на функцијата од страна на градоначалникот Беќири и подарија плакета со убавата Џамија на Мустафа-паша. Во знак на почит, градоначалникот Беќири подари плакета со симболите на Општина Арачиново, како симбол на вредностите и традицијата на нашата земја

Општина Арачиново високо ја цени соработката со верските институции и останува посветена на доброто на своите граѓани.