Овој проект, поддржан од Светска банка, во соработка со Министерството за социјална работа, општините и Центарот за Асистенција, ќе започне со обезбедување домашни услуги за старите лица во потреба од месец јануари. Тоа е голем чекор кон едно похумано, посолидарно и поодговорно Арачиново.
Проектот не само што ја зајакнува грижата за постарата генерација, туку отвора и нови можности за вработување на нашите квалификувани млади, особено оние што го завршиле средното медицинско училиште. Досега аплицирале 10 млади, а целта е овој број да достигне 30.
Првпат во нашата општина се реализира проект од ваков вид — јасен доказ дека кога соработуваме, можеме да создадеме вистинска промена.
Арачиново чекори напред. Заедно ја градиме иднината!






