1 Септември – Почеток на новата учебна година

Првиот училишен ден секогаш претставува посебен момент, кога емоциите и очекувањата се спојуваат во еден нов почеток. Денес, стотици ученици се враќаат во училишните клупи, додека првоодделенците ги прават своите први чекори кон знаењето – мали чекори за нив, но со големо значење за нашата иднина.

Во текот на нашиот четиригодишен мандат, образованието остана наш непроменлив приоритет. Со конкретни инвестиции во секое училиште во општината, значително ги подобривме условите за настава и се погриживме учениците да имаат сe што им е потребно за напредок. Денес, со доделувањето на униформи за првоодделенците, сакавме да дадеме уште еден пример на нашата грижа и посветеност кон новите генерации.

Образованието не е само институционална обврска – тоа е заедничка одговорност и ветување кон иднината. Затоа, и во годините што следат, образованието и благосостојбата на нашите деца ќе останат наш главен приоритет.

Посакуваме оваа учебна година да донесе радост, успеси и инспирација за секој ученик и наставник.