Отворен фитнес центар реализиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт ,како претходно одобрен проект од Владата на Р.С.М.

Почитувани граѓани,

Се наоѓаме во завршна фаза на проектот „Отворен фитнес центар”, кој го реализиравме во соработка со Агенцијата за млади и спорт, како претходно одобрен проект од Владата на Р.С.М.

Денес заврши монтирањето на елементите, а во иднина ќе се уреди и просторот покрај реката.

Драги граѓани, се надевам дека ќе го користите одговорно, а најважно е да го чуваме секој инвестициски проект, бидејќи тоа е за нашето заедничко добро.

Честитки и користете го со здравје!

Со почит,

Општина Арачиново