Општинското основно училиште „Абдил Фрашери” денес го прославува својот прв роденден

Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на О.О.У. „Абдил Фрашери”.

Во свечена атмосфера и во присуство на многу ветерани од образованието, граѓани, родители и ученици на „Абдил Фрашери”, денес беше одбележан патронатиот празник на училиштето.

Со оваа пригода, директорот Рефик Салиу, откако ги поздрави присутните, истакна дека формирањето на ова училиште директно ќе влијае врз унапредувањето на квалитетот на образованието во Општина Арачиново и за тоа изрази благодарност до градоначалникот на општината, Ридван Ибраими, за неговата неуморна работа и одлучност во основањето на ова училиште.

Салиу, исто така, зборуваше и за градежните работи кои се изведуваат во училиштето, при што нагласи дека ова училиште веќе е целосно реновирано, и одвнатре и однадвор.

Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во своето обраќање истакна дека поделбата на училиштата и основањето на О.О.У. „Абдил Фрашери” претставувало тежок, но успешен процес, и благодарение на ангажманот и помошта од министерот за образование, Јетон Шаќири, денес имаме едно сосема ново училиште, современо опремено и со високи стандарди и многу добри услови за развој на воспитно-образовниот процес.

Градоначалникот Ибраими, исто така, им се заблагодари на наставниот кадар, на чело со директорот Рефик Салиу и заменик-директорот Азам Аки, за нивната максимална посветеност и соработка, благодарение на кои денес имаме еден современ објект во нашата Општина.

Тој им се заблагодари и на наставниците и упати порака да дадат максимум и да работат без престан на подигање на квалитетот на образованието, додека помошта и поддршката од Општината во оваа насока нема да изостане ниту еден момент.

Првиот патронен празник на О.О.У. „Абдил Фрашери” заврши со многу пораки и желби за успех и постигнувања во иднина.