Почитувани граѓани,
асфалтирањето на оваа улица се реализира со средства од Буџетот на Општина Арачиново, додека атмосферската и фекалната канализација се изведени со средства од БЗР.
Почитувани граѓани, ова е прв пат што се реализира проект со средства од Буџетот на нашата Општина, и тоа и покрај тешката финансиска состојба и долговите наследени од минатото.
Ова е доказ дека со штедење и добро управување успеавме да обезбедиме средства за реализација на оваа улица и во иднина ќе продолжиме да правиме добри проекти за нашата Општина.
Посебна благодарност до жителите на улица 4 кои дадоа посебен придонес во реализацијата на овој проект.
Честито!








