Во придружба на директорите на училиштата, советниците од Општинскиот совет, наставници и родители, во Манастирот на албанските букви ја посетивме првата албанска библиотека „LINKEST”, каде што со големо внимание бевме пречекани од нејзината основачка и наша сограѓанка Емира Селими, по што продолживме со посета на Музејот на азбуката.
Целта на оваа посета беше да ги поддржиме и мотивираме нашите најдобри ученици, а во исто време тие да се запознаат одблиску со историјата на албанските букви, позната како „Битолски конгрес”.
Лична благодарност упатувам до муфтијата на Битолската муфтија, г-дин Амит Расими, за топлото и братско гостопримство.











