Моментално на територијата на Општина Арачиново се работи на 12 локации!
Вкупно дванаесет (12) работни екипи, односно во реализација се вкупно 12 проекти на целата територија на нашата Општина.
Почитувани граѓани, се работи на повеќе локации и сме во тек на реализација на 12 проекти, а во наредните денови ќе започнеме и со уште три нови.
Овие проекти главно се реализираат со средства од Светска Банка, ИПА-фондови, државниот буџет и средства од Буџетот на Општината.
Не сакаме многу да зборуваме, бидејќи тоа не е нашата примарна цел, но ова докажува дека на нашата Општина и недостасуваат многу работи кои се потреби на граѓаните.
Во моментот се работи на:
- Улица 1 – нов систем на водовод
- Улица 10 – атмосферска канализација и тротоар
- Улица 14 – атмосферска канализација
- Улица 18 – хортикултурно уредување и пешачка патека
- Улица 1 – фекална канализација – крак 25
- Улица 10 – фекална канализација – крак 94
- Улица 10 – фекална канализација – крак 95
- Улица 10 – фекална канализација – крак 88
- Улица 10 – фекална канализација – крак 89
- Кај депонијата – започна изградбата на Центар за селекција на отпад (прв на републичко ниво)
- Канал за атмосферски води
- Оградата на училиштето „Бајрам Шабани” – Грушино, а во наредните денови ќе започнеме и со изградба на партерот на училиштето
- Партер и спортско игралиште за училиштето во населбата Орланце
Фокусирани сме на работа и се работи интензивно и на нови проекти за тековната година, затоа не сакаме многу да зборуваме, туку сме посветени работата сама да зборува.
Драги граѓани,
Одлучни сме во 2025 година Арачиново да го претвориме во градилиште како никогаш досега.
#заедноГрадиме
#продолжувамеСилно
























