Општина Арачиново дел од „Generalka Weekend 2025″

По повод 9 Мај – „Денот на Европа”, Општина Арачиново во рамки на иницијативата „Generalka Weekend 2025″ денес организираше акција за чистење во близина на Основното училиште „Герѓ Кастриоти Скендербег” и на регионалниот пат кон населеното место Орланце. Притоа, градоначалникот Ридван Ибраими, заедно со вработените на ЈКП „Амбиенти”, општинската администрација и учениците од ООУ „Герѓ Кастриоти Скендербег” директно придонесоа во чистењето на јавните површини.

Оваа активност претставува дел од континуираните заложби за подобрување на животната средина и зголемување на јавната свест за грижата кон природата.

На граѓаните им се препорачува да се грижат за животната средина околу нив, да ги одржуваат чисти јавните простори и да бидат позитивен пример во заедницата.