Денес, Општина Арачиново пречека во официјална посета Амбасадорот на Италија, г. Паоло Палминтери, во придружба на Амбасадорот на Република Албанија, г. Денион Меидани.
Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Ридван Ибраими, ги пречека двата амбасадори на пријателска и братска средба, каде што се дискутираше за можностите за соработка во различни области како образование, економија, инфраструктура, култура и спорт.
Италијанскиот амбасадор Палминтери, кој ја посетува Општина Арачиново за прв пат, ја изрази својата подготвеност да ја поддржи општината во развојни проекти и конкретни соработки во иднина.
За време на средбата, градоначалникот Ибраими ги информира гостите за потенцијалите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Арачиново. Во разговорот не беше занемарен ниту спортот – амбасадорот Меидани ја изрази својата симпатија за локалниот клуб, „Шкендија” од Арачиново, истакнувајќи дека е страствен поддржувач на тимот.








