Учество на Парадата „Црвено и Црно”

Драги браќа и сестри, почитувани граѓани на Општина Арачиново, оваа година упатувам една поинаква честитка од Албанската престолнина – од ТИРАНА облечена во ЦРВЕНО И ЦРНО во чест на 112-годишнината од Албанската држава.

За мене, како Градоначалник на Општина Арачиново, беше посебно чувство тоа што нашата општина денес со голема гордост дефилираше на Парадата „ЦРВЕНО И ЦРНО” на Булеварот “Dëshmorët e Kombit.”.

Денес ја пренесовме пораката за единство заедно со колегите од сите албански простори. По тој повод му се заблагодарувам на домаќинот, мојот пријател Ерион Велиај, за одличниот прием и организација.

Честито и нека славиме секогаш обединети.

Слава на Паднатите борци!

Да живее Албанија!

Да живее албанскиот народ!