ОПШТИНСКИ БУЏЕТ 2025

Почитувани граѓани,

Денес ја завршивме “Неделата на Буџетот” и заедно со граѓаните дискутиравме за многу предлози и креативни идеи во служба на благосостојбата и зголемувањето на животниот стандард.

Во топла атмосфера, заедно со локалните заедници, директори на училишта, претседателот на општинскиот совет, претставници на спортот, општински претпријатија, дијаспората и општинската администрација, зборувавме за сите проблеми поединечно за секое населено место, водевме разговори со сите страни, дадовме наши предлози и за тоа сум многу среќен и мотивиран од учеството на граѓаните во процесот на изработка на Буџетот за 2025 година.

Со големо внимание ги слушнав многу креативните идеи и конкретни решенија за многу проблеми и сигурно комисијата за буџет и финансии ќе направи соодветна проценка за да го усвои општинскиот совет.

Иако функциониравме со многу потешкотии во однос на реализирањето на буџетот за годината која ја оставаме зад нас поради наследените долгови, ве известувам дека буџетот за 2025 година ќе биде значително повисок и ќе се фокусираме на капитални инвестиции, не заборавајќи го образованието, спортот и културата, но и социјалната заштита и животната средина.