Започна реализацијата на проектот “хортикултурно средување  на улица 18” во Арачиново

почитувани граѓани,

Откако го средивме коритото на реката, сега интензивно се работи на реализација на проектот “хортикултурно средување  на улица 18”, која вклучува уредување на тротоарите за пешаци, садење дрвја, поставување на клупи, детски игралишта и зеленило долж реката “Река на Мојанце”.

Овој проект е многу добредојден и барање на жителите на оваа населба, кој ќе има влијание на уредувањето на јавните простории и зголемување на безбедноста на пешаците, но исто така ќе создаде средина за шетање и релаксација, како и игралишта за најмладите. Во исто време, овој проект ќе ја украси оваа населба со надеж дека жителите ќе се грижат и ќе ги одржуваат овие простори.

#заедноГрадиме