Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Даут Беќири, денес одржа работна средба со директорот на транспортната компанија „Вестор Транс“, г. Мемет Асани, заедно со неговите соработници

На средбата беше опширно разговарано за итната потреба Арачиново да добие повеќе автобуски линии и поредовна услуга на јавниот превоз. Ова е едно од најчестите барања на нашите жители, кои секојдневно се соочуваат со тешкотии при патувањето кон Скопје и другите подрачја.

Беше нагласено дека проширувањето на автобуски линии и зголемувањето на нивната фреквенција е неопходност за секојдневниот живот на граѓаните, особено за учениците, студентите, работниците и повозрасните лица кои зависат од јавниот превоз.

Од компанијата „Вестор Транс“ беше побарано овој процес да се реализира што е можно побрзо, да му се даде приоритет на Арачиново и да се воспостави пофункционален возен ред, со повеќе автобуси во текот на денот.

Општина Арачиново ќе продолжи посветено да работи на донесување конкретни подобрувања, обезбедувајќи подобри и поквалитетни услуги за сите наши жители.