За време на средбата се водеше разговoр за нивните искуства, предизвиците со кои се соочувала општината низ годините и насоките за понатамошен развој на нашата земја. Како знак на почит, г. Рамадани му го подари на градоначалникот и неговото дело – книга со голема вредност за историјата и институционалната меморија на Арачиново.
Разговорот продолжи за теми што директно ја засегаат секојдневната благосостојба на жителите на Арачиново и можностите за понатамошно унапредување на општинските услуги.








