Градоначалникот на Општината, Даут Беќири, заедно со општинскиот тим, изврши увид во работите што се спроведуваат во селото Орланце

Одблиску беше разгледан текот на работите на новата водоводна мрежа, како и реконструкцијата на Улица бр.1 во ова село. Целта на инспекцијата беше да се осигурa дека работите се реализираат согласно планираната динамика и договорот на проектот.

Транспарентноста и надзорот на проектите остануваат приоритет на нашата општина. Општина Aрачинovo ќе продолжи со посветеност секој проект да се реализира со високи стандарди и во предвидените рокови