Денес, на втората седница на Општинскиот совет на Aрачиново, беше донесена една особено значајна одлука за нашата општина.Со оваа одлука, Општина Aрачиново ги подмири сите општински обврски на семејствата на паднатите борци и ги ослободи од плаќање за комуналните услуги.Ова претставува институционален чин на почит и благодарност кон семејствата што го дале најскапоценото за нашата слобода, безбедност и иднина.