Денес, во просториите на Општина Aрачинoво, официјално беше потпишана документацијата за прием на новата машина – мини линија за сортирање на отпадот од страна на Градоначалникот, г. Даут Беќири.Оваа опрема е наменета за селекција и раздвојување на отпадот по видови, вклучувајќи пластика, хартија, метал и други рециклабилни фракции, со што процесот на третман станува многу поефикасен, поконтролиран и побезбеден за животната средина.

Оваа инвестиција е во рамките на проектот „BE CLEAN BE GREEN – БИДИ ЧИСТ, БИДИ ЗЕЛЕН“ и е финансирана од ИПА-фондовите на Европската Унија во рамките на програмата за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија, што претставува значаен чекор во процесот на модернизација на комуналните услуги и директно придонесува за подобрување на квалитетот на живот за сите жители на Арачиново.