Денот на азбуката

По повод Денот на азбуката и годишнината на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, под организација на Владата на Република Северна Македонија и самиот Институт, беше реализирана и изложбата со наслов „Печатницата и Конгресот“, посветена на печатницата „Башкими и Комбит“ – „Меѓународна трговска печатница“ и делегатите на Битолскиот конгрес, на оние мудри мажи кои ги поставија темелите на нашата азбука.

22 Ноември – Денот на азбуката е жив спомен на трудот, жртвите и визијата на нашите преродбеници. Тоа е ден што нè потсетува дека јазикот е дом на духот, а азбуката е клучот што го отвора за секоја генерација. Благодарение на одлуките на Битолскиот конгрес, денес пишуваме, учиме и создаваме со обединета азбука, која нè обединува во секој дел каде што се зборува албански.

Честит и многу години 22 Ноември – Денот на азбуката!

Да продолжиме да го почитуваме нашиот јазик со работа, знаење и љубов.