Тука сме за да се осигурaме дека сè се работи согласно стандардите и договорот. нема да дозволиме асфалтирање на оваа улица без да се провери дека компанијата ги исполнува сите услови од договорот. Од претходното искуство со поранешната власт, кога беше асфалтирана улица 4 во Арачиново, улицата кај џамијата „Неда“ почна да се оштетува веднаш по 2-3 недели. Затоа сме тука да не дозволиме да се повторуваат такви работи. Нашата цел е јасна: жителите на Арачиново заслужуваат квалитетни улици и одговорна работа.











