Денес, градоначалникот на Oпштина Aрачиново, г. Даут Беќири, имаше чест да го пречека во нашата Oпштина поранешниот градоначалник на Големата Oпштина Бурса, г. Реџеп Алтепе.

Средбата беше продуктивна и се фокусираше на можностите за развој на нашата општина – од инфраструктурата, културната и образовната соработка, па сè до проектите што можат да се реализираат со турските општини.

Г. Алтепе има богато искуство во локалната самоуправа, бидејќи има служено два мандати во Метрoполитен Советот на Бурса и во Општина Јълдъръм, како и во Генералното собрание на BUSK. Тој има дадено значаен придонес во комитетите за Буџет, Финансиски Прашања и Транспорт, носејќи видлив развој во областите со кои раководел.

Градоначалникот г. Беќири заедно со г. Алтепе се договорија да го продлабочат идното соработување за заеднички проекти што ќе донесат развој и подобрување на животот на жителите на Aрачиново.

Благодариме за посетата и поддршката, г. Алтепе!