Даут Беќири

Актуелниот градоначалник на општината.

Податоци за Даут Беќири

Датум на преземање на функцијата: 31.10.2025
Партија: ВРЕДИ
Е-пошта: dautbeqiri@haracina.gov.mk

Даут Беќири е роден на 22 Ноември 1988 година во Арачиново, Северна Македонија, каде што и живее. Високото образование го завршил на Факултетот за криминалистика, насока Детектив и безбедност. Основното образование го завршил во..ОУ .Маршал Тито.во Арачиново,а средното образование го завршил во гимназијата “Зеф Луш Марку”.

Професионалната кариера ја изгради како бизнисмен, при што е сопственик и менаџер на семеен бизнис во секторот за производство на мебел. Неговото долгодишно искуство во менаџмент му овозможило развој на вештини во организација на работата, тимска координација и стратешко планирање.

Покрај професионалниот ангажман, Дaут Бекири е тесно поврзан со општествениот живот на заедницата. Тој има придонесено како советник во џамијата Мираж, е член на раководството на ФК Шкендија 77, како и дел од помирителниот совет во заедницата. Овие ангажмани ја потврдуваат неговата посветеност кон благосостојбата на граѓаните и создавањето одржлива општествена средина.

Во своите активности е познат по учество во хуманитарни иницијативи и поддршка на граѓаните за нивни потреби.. Неговиот постојан ангажман за развој на Арачиново го одразува неговиот визионерски пристап за силна, организирана и кон прогрес насочена заедница. Поседува напредни вештини во лидерство, комуникација со заедницата, преговарање и решавање конфликти, и е познат по својата одговорност и посветеност во работата. Ги совладува  албанскиот (мајчин јазик), македонски многу добро и англиски добро.

Оценка за работата

1 – Многу лошо
3 – Просечно;
5 – Многу добро