Денес започнавме со целосна реконструкција на внатрешниот дел на амбулантата во населеното место Арачиново

Почитувани граѓани,

Денес започнавме со целосна реконструкција на внатрешниот дел на амбулантата во населеното место Арачиново, со што се заокружува многу успешната тригодишна соработка со хуманитарната организација „Класје на добрината” и организацијата „Islamic Relief”.

На овој настан присуствуваше и директорот на Здравствениот дом, г. Самир Исени.

По тој повод, во мое име и во име на сите жители на Општина Арачиново, изразувам искрена благодарност до претседателот на „Класје на добрината”, г. Нежат Лика, и до директорот на „Islamic Relief”, г. Мухамед Сулејман, за големата помош и поддршка што ни ја пружија во изминатите три години.

Во овој период реализиравме значајни проекти во областа на земјоделството и заштитата на животната средина, а денес, преку реконструкцијата на амбулантата, инвестираме во здравството со цел подобрување на условите и квалитетот на услугите за нашите жители.

Денес во населеното место Орланце беше свечено отворено новото мултифункционално спортско игралиште.

Нова спортска површина ставена во служба на учениците, децата и сите млади – затоа што нашата иднина заслужува подобри услови.

Нека ја користат со здравје и радост!