Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, присуствуваше на традиционалната манифестација за сунетисување на децата, организирана од здружението „Ел Хилал” и поддржана од Општина Бахчелиевлер од Истанбул, Република Турција.
Градоначалникот Ибраими им се заблагодари на организаторите, при што прими и подарок како знак на благодарност од Градоначалникот на Општина Бахчелиевлер, изразувајќи подготвеност за продолжување на комуникацијата со цел унапредување на идната соработка.
Оваа манифестација се организира веќе 20 години и прерасна во традиција, а посебно значење има фактот што оваа година во неа учествуваа и деца од Општина Арачиново.








