Почитувани граѓани на Општина Арачиново,
Во соработка со хуманитарното здружение „Бамиресија 2018″, денес поделивме ранци за сите ученици од прво одделение во општинските училишта.
Со оваа прилика сакам да се заблагодарам на здружението „Бамиресија 2018″ за оваа многу потребна донација во пресрет на почетокот на новата учебна година.
Се надеваме дека оваа помош, иако симболична, има посебно значење за родителите, а особено за учениците.
Најискрено им посакувам успех на првачињата, со надеж дека денес, заедно со здружението „Бамиресија 2018″, бевме причината за насмевките на најмалите кои за првпат ќе седнат во училишните клупи.
Честитки и многу успеси во учебната 2024/2025 година!
Со почит,
Општина Арачиново









