Градоначалникот Ридван Ибраими учествуваше на годишниот лидерски форум „Стратегии за соработка во одржлива мобилизација на ресурси и децентрализација”, организиран од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Градоначалникот Ридван Ибраими учесник на годишниот лидерски форум „Стратегии за соработка во одржлива мобилизација на ресурси и децентрализација”, организиран од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Градоначалникот Ридван Ибраими учествуваше на годишниот лидерски форум „Стратегии за соработка во одржлива мобилизација на ресурси и децентрализација”, организиран од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Главни теми за кои се дискутираше беа стратегиите и можностите за зголемување на општинските приходи, унапредувањето на процесот на децентрализација, како и подобрувањето на транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа.

Општина Арачиново со право може да се гордее со резултатите постигнати од одличната двегодишна соработка со УСАИД, особено во делот на приходите од данокот на имот, но и во подигнувањето на фискалната транспарентност. Доказ за тоа се индексите за мерење кои ја рангираа нашата Општина високо и во делот на зголемување на општата транспарентност.

За време на дводневниот состанок кој се одржа во Скопје, градоначалникот Ибраими ја искористи приликата да отвори и други прашања за дискусија поврзани со децентрализацијата и предложи конкретни идеи и решенија за различните проблематики. Веруваме дека истите ќе станат дел од дискусиите на УСАИД со централната власт и ќе бидат разгледани со цел надминување на пречките во функционирањето на локалната самоуправа.

Секако, проблемите со кои се соочува Општина Арачиново беа во фокусот на дискусијата на градоначалникот, како и забелешките упатени кон централната власт за конкретните предизвици со кои се соочува нашата општина.

Служба за информирање

Општина Арачиново