Со задоволство Ве информирам дека започнавме со инсталација на фотоволтаици за Општинското училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег” – Арачиново.

Почитувани граѓани,

Во рамките на инвестициите за зголемување на енергетската ефикасност, со задоволство Ве информирам дека започнавме со инсталација на фотоволтаици за Општинското училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег” – Арачиново.

Овој проект го реализираме заеднички со Центарот за соработка и регионален развој од Република Словенија.

Имајќи предвид дека веќе ја завршивме инсталацијата на термо-пумпите, можеме да кажеме дека сме на пат целосно да ја заокружиме нашата цел за минимални сметки за електрична енергија, како и заштеда на горива (НАФТА). Но нема да згрешиме ако кажеме дека нашата крајна цел е целосна енергетска независност, што подразбира нула трошоци за електрична енергија за сите училишта и општински објекти.

Со гордост можеме да кажеме дека веројатно сме една од општините што најмногу напредувале во областа на енергетската ефикасност.

#максималниЗаштеди

#ефикасноУправување