Општина Арачиново во соработка со Општина Липково реализираше пролетна еколошка акција, со што беше исчистен патниот правец од Арачиново во насока кон Никуштак.

Општина Арачиново во соработка со Општина Липково реализира пролетна еколошка акција

Почитувани граѓани,

Општина Арачиново во соработка со Општина Липково реализираше пролетна еколошка акција, со што беше исчистен патниот правец од Арачиново во насока кон Никуштак.

Оваа еколошка акција, покрај чистењето, имаше за цел и подигање на свеста за значењето на животната средина и хигиената како основен принцип.

Драги граѓани,

Ве повикуваме да обрнувате максимално внимание и да ја чувате животната средина, бидејќи таа е нашиот заеднички дом што треба да го оставиме во наследство на идните генерации.

#Да ги обединиме силите за чиста животна средина

#ЈКП Пишат-Липково

#ЈКП Амбиенти-Арачиново