Патронат на Oсновното училиште „Абдул Фрашери”

Денес, со гордост и емоции, присуствувавме на манифестацијата организирана по повод патронатот на Oсновното училиште „Абдул Фрашери” во Арачиново. Учениците, наставниците и родителите заеднички реализираа импресивна активност, која ја потврди нивната посветеност и љубов кон образованието, културата и нашата национална традиција.

Денешната манифестација беше навистина извонредна – збогатена со уметничка програма, одлични изведби од учениците и атмосфера исполнета со гордост за името што го носи ова училиште, истакнатиот патриот Абдул Фрашери.

Општина Арачиново честита за патронатот на Oсновното училиште „Абдул Фрашери” и изразува благодарност за неуморната работа на педагошкиот кадар. Инвестицијата во образованието е инвестиција во нашата иднина!

Честитки и понатамошни успеси!