Денес, на територијата на Општина Арачиново, беше поставена хоризонтална патна сигнализација на регионалниот пат Скопје–Куманово, кој поминува низ нашата општина.
Овој проект има за цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и олеснување на движењето за сите учесници во сообраќајот.
Општина Арачиново ќе продолжи да работи на унапредување на патната инфраструктура и создавање на подобри услови за нашите граѓани.










