По покана на Градоначалникот на Општина Призрен, денес Општина Aрачиново имаше чест да присуствува на свечената манифестација по повод одбележувањето на 147-годишнината од Албанската Призренска Лига.

Овој значаен јубилеј – еден од највпечатливите настани во албанската национална историја – беше одбележан во историскиот град Призрен, каде заедно со Претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Бегај, беше истакнат не само придонесот на Призренската Лига во одбраната на албанските територии и националниот идентитет, туку и заложбата на локалните институции за зачувување на историските и културните вредности на нашиот народ.

„Призренската Лига претставува силен симбол на националната свест и визијата за заедничка иднина, која и денес треба да биде водилка за сите нас.”

Одбележувањето на овој јубилеј претставува и израз на почит и благодарност кон сите генерации кои се жртвуваа и се бореа за слобода, еднаквост и национален идентитет.

#ЛигатаЕЖива