Улица 14/1 – Во фокусот на инвестициите

Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, оствари средба со жителите на Улица 14/1, со цел разгледување на состојбата на инфраструктурата и можностите за инвестиции во оваа населба.

За време на средбата беше избрана комисија од три члена од самите жители, која ќе соработува со Општината во реализацијата на проектот.

Градоначалникот Ибраими ги увери жителите дека средствата за изградба на улицата се обезбедени, дел од кои се средства од Светска банка за развој.

Сепак, за да се искористи овој финансиски инструмент, потребно е да се исполнат стандардите на банката, кои предвидуваат улица со ширина не помала од 5,5 метри, плус пешачка патека.

Општината е целосно подготвена да го реализира овој проект – но успехот зависи од соработката со жителите за исполнување на техничките услови.

Заедно за подобри, побезбедни и помодерни улици!