Висок делегација од Брисел во посета на Општина Арачиново

Почитувани граѓани,

Денес имав чест и задоволство да пречекам во официјална посета висок делегација на Европската Унија, предводена од г-ѓа Силвија де Лаково – Менаџер на програми во Дирекцијата за проширување и Источно соседство (ENEST) – во придружба на заменик-директорот Џулио Венери и други советници од ЕУ. Делегацијата патуваше специјално за да ја посети Општина Арачиново.

Целта на посетата беше инспекција на проектот за Центарот за селекција на отпад, кој се гради во нашата општина и кој е прв од ваков вид во цела Северна Македонија.

Оваа посета претставува исклучително важен момент за нашата општина. Арачиново е избрано како пример општина од висок делегација која ја посетува Западно-балканската регија. Оваа оценка не исполнува со гордост и е доказ за нашата постојана посветеност и ангажман.

Среќен сум што нашиот напорен труд е признат и во Брисел. Ова признание беше потврдено и од самите наши гости за време на средбата. Во ваше име, и се заблагодарив на г-ѓа Силвија де Лаково за поддршката и досегашната соработка со Европската Унија преку прекугранични проекти со соседните земји.

За време на средбата, делегацијата беше запознаена со главните предизвици со кои се соочува нашата општина, вклучувајќи го снабдувањето со питка вода, третманот на отпадните води и прашањето за наводнување. Делегацијата покажа посебен интерес за овие теми и побара детални информации. Поддршката која ни беше ветена од нашите пријатели од Брисел дополнително не мотивира да продолжиме со напорите во овие области.

Заедно ја посетивме и градилишната локација, каде што констатиравме добар напредок на проектот. Се договоривме динамиката на работите да се интензивира со цел овој модерен центар за селекција на отпад што побрзо да стапи во функција.