Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, претставници на стручната јавност, претставници на органи на државна управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други чинители, дека:
Општина Арачиново организира повторна
Јавна презентација и Повторна Јавна анкета по Нацрт Урбанистички план за село Мојанци, КО Мојанци – Општина Арачиново.
Нацрт-планот е изработен од Агенција за планирање на просторот и ГО ПЛАН Гостивар со технички број D0321, со површина на планскиот опфат од 2.959.999,6868 м² и периметар од 10.014,2275 м. Планот опфаќа 20 блокови (Б1–Б20), со следниве класи на намена:
• А – домување (А1 – домување во куќи, А4 – времен престој)
• Б – угостителски и комерцијални намени (Б3)
• В – јавни институции (В1 – образование, В2 – здравство, В3 – култура, В5 – верски објекти)
• Г5 – земјоделско и сточарско производство
• Д1–Д4 – парковско, заштитно и спортско зеленило
• Е1 – инфраструктура
П О В Т О Р Н А Т А Ј А В Н А
П Р Е З Е Н Т А Ц И Ј А
Ќе се одржи на ден 24.07.2025 (четврток)
со почеток во 10:00 часот,
во просториите на Општина Арачиново состаноци
П О В Т О Р Н А Т А Ј А В Н А А Н К Е Т А
Ќе се спроведе во периодот од 23.07.2025 до 06.08.2025 г. , во следниве форми:
• електронски, преку системот е-урбанизам и прекувеб-страницата: www.haracina.gov.mk
• во хартиена форма, преку увид во документацијата и поднесување анкетни листови во просториите на Сектор за урбанизам при Општина Арачиново
Графичкиот прилог од Нацрт-планотќе биде изложен во просториите на Секторот за Урбанизам, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
Начин на поднесување на забелешки и предлози:
Анкетните листови може да се поднесат:
• во хартиена форма во Општината
• преку е-урбанизам
• по електронска пошта до официјалната адреса на Општината
Напомена: Доставувањето на забелешки е возможно само во рокот на анкетата , Доколку не се поднесат анкетни листови, ќе се смета дека нема забелешки и мислења по Нацрт-планот.
Тех.бр.:D0321
Веб:www.haracina.gov.mk
Линк до анкетен лист: https://www.haracina.gov.mk/lajmerime/
Со почит,




