Берберски услуги за неподвижни стари лица инвалиди и за лица со посебни потреби во нивните домови

За прв пат во Општина Арачиново за социјална заштита на нашите жители започнува успешно да се реализира проектот „бесплатна берберска услуга за граѓаните кои имаат потреба“.

„Берберот на Oпштина Арачиново“, проект инициран од градоначалникот на Општина Арачинво, ќе нуди бесплатни услуги дома за старите неподвижни лица , лица со посебни потреби и инвалидите на целата територија на нашата Општина.

Нашите постари лица кои самите не можат да вршат берберски потреби , можат со сигурност да го уредуваат својот изглед доверувајќи му го тоа на нашиот професионален бербер, кој доаѓа во домовите на сите оние кои претходно имаа вакво барање во Општината.

Општина Арачиново ќе продолжи да им ја врати насмевката на лицето на нашите стари лица, инвалиди и лица со посебни потреби, нудејќи ја оваа услуга која вклучува шишање и потстрижување брада.

Сите оние лица кои припаѓаат на една од горенаведените категории ќе можат да ги добијат услугите со јавување во кол центарот на нашата општина на телефонскиот број 022579803.

#Смеблискудотиештоиматнајмногупотреба