Се одржува работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП) на Општина Арачиново

✅ Се одржува работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП) на Општина Арачиново Komuna e Haraçinës – Општина Арачиново – Municipality of Aracinovo со поддршка на градоначалникот Ridvan Ibraimi. ⬆️ 🏡 На работилницата, покрај претставниците од Локалниот развоен тим од Општина Арачиново, учествуваат претставници од локалните жители од повеќе населени места во општината. Заедно, се обидуваат да дадат насоки за успешен, одржлив развој на општината. 🤝 Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети”, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери. 

#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети #ГраѓанитеНаПрвоМесто #CHinMK #SDGs