Наставникот Џавит Имери од денес ќе ја врши должноста директор на Општинското основно училиште, “Ѓерѓ Кастриоти Скендербег”

Драги граѓани

Наставникот Џавит Имери од денес ќе ја врши должноста директор на Општинското основно училиште, “Ѓерѓ Кастриоти Скендербег”

Како што истакнав во многу прилики дека образованието во општина Арачиново е и ќе остане без дилема приоритет за време на мојот мандат, ќе продолжиме и во иднина да обезбедуваме максимална поддршка  за зголемување на квалитетот на образованието и истовремено ќе работиме заедно на подобрувањето на условите за работа.

Со директорот Џавит Имери се договоривме за тесна соработка и пред сé ја пренесов мојата подготвеност да му помогнам да спроведе проекти според програмскиот план за 2024 година и во согласност со законот за локална самоуправа.

Посакувајќи успех на работа, ги споделив моите очекувања особено во подигањето на квалитетот на образованието

Во оваа прилика, исто така, му се заблагодарувам на наставникот Зекирја Мустафа за неговото ангажирање и придонес досега.