Историја на општина

Општина Арачиново е општина која се наоѓа во северниот дел на Македонија. Центарот на општината се наоѓа во општина Арачиново и е формирана во 1996 година, која што беше во рамките на општината Гази Баба. Географски се наоѓа на околу 220 метри надморска височина во северозападниот дел на Скопје.

Се граничи со општина Гази Баба, Илинден, Куманово и Липково. Општината е составена од четири (4) населени места: Арачиново со 2.250 семејства, Орланце со 140 семејства, Грушино со 180 семејства, Мојанце со 50 семејства.

Општината опфаќа вкупно 30 км2 површина (според новата територијална поделба) и се брои како една од најмалите општината по површина во Републикава. Арачиново е густо населена со од околу 11992 жители , додека просечната густина е околу 500 жители во 1 км2.

Етничката структура на општината е следна:

  • 90,72% Албанци
  • 8.23% Македонци
  • 0.54% Бошњаци
  • 0.11% Срби
  • 0.01% Власи и
  • 0.39% припадници на други етнички заедници.

Општина Арачиново, како што е познато, е најсиромашната општина во регионот на Скопје, но, исто така и во државата. Пред и по нејзиното формирање до денес, во нашата општина во споредба со другите општини, многу малку се инвестира од страна на државата.

 

Општина Арачиново со мал буџет од околу 300.000 евра кој го собира од ДДВ општина Арачиново се обидува да ги подобри условите за живот на граѓаните.