Почитуван сограѓани,

Дозволете ми во моето име и во име на општинската администрација, да ви посакам на Вас и вашите семејства, среќма 2019 година!

Посакувам новата година да биде полна со здравје, да донесе благосостојба и просперитет во вашите семејства!

Годината што ја оставаме зад себе, беше година на предизвици, година на консолидација на многу активности, година во која дознавме за многуте дефекти и аномалии од минатото, годината во која се покажа кој ја сака општината со срце а кој за кариера, година која ги разликува визионерите од другите што не гледат далеку, годината во која некои се борат за развој а други бегаат.

Годината што ја оставаме зад себе, беше исто така година кога нашата општина за првпат во својата историја подготви сериозни проекти во сите области од интерес на нашата општина. За првпат проблемите на населението, општинските приоритети, нашата програма, се рефлектира во конкретни проекти, а не во “празни зборови “. За првпат, во рок од само една година, аплициравме и добивме проекти од посебна инфраструктурна важност, кои ќе се спроведуваат следната година.

Имаме многу работа, ќе работиме со достоинство и посветеност, а ние сме повеќе од убедени дека 2019 година ќе биде година на ” берба на успеси” што биле “засадени” во текот на 2018 година.

Дозволете ми уште еднаш на крај, да ви посакам здравје и успеси во вашите семејства во следната 2019 година!

Миликије Халими
Градоначалничка на општина Арачиново